ВИДЕО: Попови се возеа низ Велес и Кавадарци – „го бркаа“ коронавирусот

Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот.

Инаку порталот Религија.мк пишува дека голем број православни центри, меѓу кои и Света Гора, ги повикаа своите верници сите заедно секоја вечер од 22.00 до 22.15 заеднички да се молат против коронавирусот. На, иницијативта која потекна од Атос, се приклучува и монашката Обител на Богорскиот манастир кој ги повика сите верници на заедничката молитва каде и да се наоѓаат.

-Молбата до сите е едноставна. „Секоја вечер, во периодот од 22:00 – 22:15 часот, време кога природата се стишува во темнината, да бдееме малку и да го посветиме нашето време за молитва кон Бога, изговарајќи непрестајно: Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј го Твојот свет.

Верните од секоја држава почнуваат во 22:00 часот според локално време, за во целиот свет да се направи еден непрекинат ланец на молитва. Да ја обединиме нашата молитва сите заедно, со сознание дека Бог не нè напушти и со свест дека ние се оддалечивме од Него. Да се вратиме кон Него, Кој како најмилостив Татко, ја отвора Својата прегратка за нас. Во овие тешки мигови што ги поминуваме, под заканата на пандемијата, повикани сме повторно да се свртиме кон Бога и да ја обновиме нашата врска со Изворот на животот. Го повикуваме народот Божји на една духовна регрутација преку заедничката молитва, бидејќи преку неа сите стануваме едно тело, една молитва, една заедничка прозба, прозба за спасение упатена кон животодавецот Христос“, велат од Бигорскиот манастир.

Велес

Baze Lazevski@BazeLazevski

Значи крај. 🤣😂

Embedded video

54 people are talking about this

Baze Lazevski@BazeLazevski

Значи крај. 🤣😂

Embedded video

See Bube’s other Tweets
Кавадарци
Кавадарци
фото: ФБ