Филипче: Охрабрува линеарниот раст на заболени

Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувана, но добро е, вели тој, што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти.

-Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките, напишпа министерот на социјалната мрежа ФБ.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2351071931866493/?type=3&theater