СЗО: Не носете маска ако не сте заразени со коронавирус

Светската здравствена организација препорачува луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заболени од „Ковид-19“ или во случај да се грижат за некој кој е болен, објави Си-Ен-Ен.

Од СЗО велат дека маските треба да ги носат оние кои се заразени или оние кои се во близок контакт со нив.

Пораките се разликуваат од земја до земја. Генералниот хирург на САД ја молеше јавноста во февруари да престане да купува маски, додека земји како Јужна Кореја и Јапонија ги дистрибуираа во јавноста. Неодамна Чешка и Словачка дури ги направија задолжителни.

Сепак, од СЗО не ги критикуваат земјите што советуваат носење маски. Но, во исто време, потенцира дека маските најчесто се злоупотребуваат, и како резултат на тоа нема да ги понудат предвидените заштити.

На пример, носењето маска може да обезбеди погрешно чувство за безбедност, велат експертите, што доведува до тоа некои да станат помалку претпазливи во поважните мерки за хигиена, како што е миењето на рацете. Дополнително, отстранувањето на маска за да не го покрива повеќе носот или допирањето на надворешната страна на маската може да ја направи помалку ефикасна.

Клучно е да запаметиме, велат службените лица на СЗО, е дека коронавирусот се шири преку капки, а не преку воздушен пренос.

фото: Архива