На прес конференцијата денеска министерот за здравство, Венко Филипче, запрашан дали ќе го следи примерот на Бугарија и на Хрватска, кои ги оспособија своите најголеми сали како резервни болници, министерот истакна:
„Ја спомнавме и оваа можност, дискутирана е, но сметаме дека такво нешто би преземале дури во некоја понапредна фаза или, како некоја последна мерка. Имаме околу 500 кревети кои се оспсобени и би можеле да ги користиме за такво нешто, но засега експертите сметаат дека не е потребно. Ние повеќе го разгледувавме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно на лекување, а во болница се оние кои мора да се на респираторни машини и оние на кои би можела да им биде потребна помош“, изјави Филипче.
Инаку ова прашање се актуализира, откако се објавија фотографии на кои се гледа дека загрепска „Арена“ и Софиски „Армеец“ веќе се оспособени како резервни болнички капацитети, со кревети на паркетот, за случаи кои не се во многу сериозна состојба. Во нашата земја такви капацитети би можеле да бидат двете најголеми сали, „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.
фото: ФБ