(ФОТО) Албански државјанин се обидел да прошверцува хируршки ракавици, заштитни маски, антибактериски гелови

– 1.900 хируршки ракавици, 400 заштитни маски, 96 антибактериски гелови и 2 литри средство за дезинфекција, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блато.  Производите, чиј извоз е забранет согласно воведените мерки од Владата за превенција од ширење на вирусот „Covid 19“ (корона вирус), е пронајдена во црна вреќа сместена на задното седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

фото: Царинска управа