Поранешниот хрватски тенисер и сегашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, е позитивен на коронавирус. Тој беше во Белград и во Задар на турнејата „Адрија“ во организација на неговиот играч Ѓоковиќ.
Иванишевиќ беше тестиран двапати и двапати беше негативен за коронавирус, но резултатите од третиот тест велат дека сепак бил позитивен. Информацијата Иванишевиќ ја сподели на социјалните мрежи.
„За жал, по двата негативни теста во последните 10 дена, само што ги дознав резултатите од денешниот трет тест и позитивен е на Ковид-19. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите коишто биле во контакт со мене за фактот дека сум ковид-позитивен и ги замолувам да ги преземат сите неопходни чекори за да се заштитат себеси и своите најблиски. Продолжувам со самоизолацијата што ја започнав порано. Посакувам на сите што се заразени брзо закрепнување“, порача Иванишевиќ на Инстаграм.
Иванишевиќ некогаш беше втор тенисер во светот и важи за најдобар хрватски тенисер во историјата.
https://www.instagram.com/p/CB5TaK8p77a/