Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на ковид-19

Првиот човек на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека се заразил од корона вирусот. Како што порача тој, општината ќе работи само за итни и неодложни потреби и тој се повлекува во домашна изолација.

  • Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на COVID 19, од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен.
    За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.
    Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.
    Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.
    Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство, напиша Мицевски на ФБ.

https://www.facebook.com/borjancho.micevski/posts/10157509138147196