Израелски специјалисти докажуваат како корона вирусот го оштетува срцето

Со конфузијата низ целиот свет во врска со тоа како Ковид-19 му штети на срцето, израелски кардиолог вели дека ја составил најјасната слика до денес. Болеста предизвикува уникатна шема на оштетување на десната страна на срцето, што се јавува кај двајца од секои пет хоспитализирани пациенти, според тим предводен од д-р Јишај Секели од Медицинскиот центар во Тел Авив „Сураски“, објави Независен.мк.

„Никој не знаеше што всушност се случило со срцето, но сега велиме дека 40 проценти од хоспитализираните пациенти страдаат од дисфункција на десната страна и дека ретко е оштетена левата страна“, рече Секели за „Тајмс на Израел“.

„Докажавме што всушност се случува во срцето и ова е првиот чекор кон подобро разбирање на болеста во однос на срцето и поефикасно водење на идниот третман“, додаде тој. „Верувам дека ова е голем чекор“.

Секели неодамна ги објави своите истражувања во списанието на Американското здружение за срце „Циркулација“ и вели дека студијата со 100 пациенти е прва во светот што систематски користи кардио-слика за да го покаже влијанието на корона вирусот врз срцето, наместо да се потпира само на лабораториски тестови.

Текстот во целост на: независен.мк