Колку е штетно пиењето алкохол и кои се границите на “безбедно пиење”?

Рекламите за алкохолни пијалоци создаваат слики дека алкохолот е природен дел од животот и придонесува за здравје, среќа и успех. Сепак, тоа не е вистина. Дали постои такво нешто како безбедно пиење алкохол? Одговорот е не. Не можеме да зборуваме за безбедно пиење алкохол, можеме да зборуваме само за пиење алкохол со помал или поголем ризик.
Затоа, секое пиење алкохолни пијалоци е ризик кој може да има штетни последици. Тие може да имаат влијание врз здравјето и квалитетот на животот воопшто.

Што ризикуваме кога пиеме алкохол?
Многу истражувања потврдуваат дека дури и пиењето мали количини алкохол го зголемува ризикот од развој на рак на усната шуплина, фаринксот, хранопроводникот, црниот дроб, дебелото црево и ректумот, а влијае и на развојот на кардиоваскуларни заболувања.
Пиењето алкохол е поврзано и со сообраќајни несреќи, невработеност, насилство, проблеми со менталното здравје на децата и самоубиства.
Во принцип, колку повеќе пиеме во една или повеќе прилики, толку е поголем ризикот на кој се изложуваме себеси, нашето семејство и другите.

Има 2 толкувања за алкохолна безбедност
– 2 алкохолни единици  на ден е безбедна количина
• Нема “безбедно” ниво на пиење (второ толкување)
• Ако пиете помалку од 14 единици неделно, 2/ден) се смета за низок ризик
• Тоа се нарекува “низок ризик”, наместо “безбеден”, бидејќи не постои безбедно ниво на пиење.

  • Во колку некој не конзумира алкохол не треба да се стимулитра со совети за т.н. безбедна и стимулативна доза на алкохол.
  • Во колку конзумира алкохол треба да се советува дека максималната дневна доза е 2АЕ: (1 пиво, или 75мл црвено вино, или 85мл бело вино, или 50мл жесток пијалок)

Потрошувачката на алкохол обично се зголемува во неизвесни времиња, а  периодот на епидемијата не е исклучок. Токму во овој период треба да бидете особено внимателни, бидејќи алкохолот влијае на различни аспекти на имунолошкиот одговор на телото.
Пиењето алкохол ја намалува отпорноста на широк спектар на патогени, вклучувајќи вируси и бактерии. Во случај на вирусни инфекции, пиењето алкохол дури може да ја зголеми подложноста на инфекција или да придонесе за потежок тек на болеста.

Границите на помалку ризично пиење
Границите на помалку ризичното пиење ја одредуваат количината на алкохол што е сè уште донекаде прифатлива (не се препорачува!) и веројатно нема да предизвика сериозни проблеми кај здравите возрасни лица дури и на долг рок.
Границите се различни за мажите и жените, поради биолошките разлики во структурата на телото. Еден или два дена во неделата треба да се биде целосно без алкохол.
Границите не важат за оние групи за кои се препорачува целосна апстиненција:

  1. деца и младинци најмалку до 16 години,
  2. бремени жени и доилки,
  3. луѓе кои имаат знаци на зависност од алкохол или кои претходно имале проблеми поради пиење алкохол,
    возачи на моторни возила (автомобили, мотоцикли) и велосипедисти,
  4. луѓе кои управуваат со машини ,
  5. луѓе со одредени болести (на пример, гихт/епилепсија, по повреда на главата, заболување на црниот дроб, болест на панкреасот),
  6. луѓе кои земаат одредени лекови.

СОСТОЈБА СО КОНСУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

Се смета дека во Р.С.Македонија употребата на алкохол изнесува од 5-7,4 литри по жител.

Искуство со алкохол во животот имале 65% лица на возраст од 15-64 години, како и 76% од лицата на возраст од 15-34 години. Највисок процент на лица кои користеле алкохол во текот на животот е кај возрасната група од 25-34 години (76,9%). 70,4% од мажите и 56,6% жени на возраст од 15-64 години користеле алкохол во текот на животот. Најчесто употребуван алкохол кај лицата на возраст од 15-64 години е пивото (35,4%), виното (30,9%), додека жестоките пијалаци се застапени со 16,6%. Младите машки возачи-тинејџери имаат барем пет пати повеќе можност да бидат инволвирани во сообраќајна несреќа во споредба со возачите на возраст над 30 години, при присуство на алкохол во крвта над нула. Согласно податоците од Статистичкиот годишник на Република С.Македонија,2019, за потрошувачката на домаќинствата на алкохолни пијалаци во 2018 година, просечно годишно во литри за вино изнесува 5,6 литри, за пиво 36 литри и жестоки пијалаци 2,1 литри.

На професионален план алкохоличарите ги запоставуваат обврските, доаѓа до намалување на продуктивноста, отсуство од работа, лоши меѓучовечки односи, конфликти на работното место. Према светските испитувања, ако во РСМ се постигне намалување на консумацијата на алкохол за 10% по глава на жител, тогаш ќе се намали и морталитетот кај мажите поврзан со злоупотребата на алкохол за околу 20%.