Луѓе кои биле во контакт со заболени седат дома, молат да им се земат брисеви

„Вртам 15 минути на телефонските линии, беше зафатено. Кога конечно ги добив и им кажав дека сум бил во контакт со заболен, а ги имам сите симптоми на вирусот, ми рекоа да останам дома и да се јавам само ако развијам посериозни симптоми. Ги замолив да дојдат да ми земат барем брисеви, бидејќи сепак живеам дома со постари родители кои се хронично болни. Јас немам како да излезам од дома бидејќи сум во карантин, а во Центарот ми рекоа дека тоа ќе го сторат само ако има влошување на ситуацијата“, сведочи соговорникот за „А1он“.

Фото: Архива