Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Помеѓу македонските државјани во Хрватска нема заразени со коронавирусот Ковид-19, а меѓу нив нема ниту жртви од вчерашниот земјотрес во Загреб, изјави Назиф Џафери од Амбасадата на земјава во хрватскиот главен град во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“.

– Македонската заедница е една од најактивните од останатите 22 заедници во Хрватска. Комуникацијата е секојдневна. Помеѓу нашинците засега нема заразени од корона. Имавме заглавени луѓе на аеродромот, па околу 50 наши граѓани ги префрливме во Македонија, изјави Џафери.

Тој соопшти дека нашата Амбасада во Загреб работи на префрлање на македонските државјани сезонски работници во Хрватска во земјава.

фото: Архива