Меркел во карантин, нејзиниот доктор бил позитивен на коронавирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел од вечерва е сместена во домашна изолација откако се утврди дека нејзин лекар е позитивен на коронавирусот, јавува Дојче Веле .

Портпаролот на Меркел изјави дека германската канцеларка била информирана за тестот на докторот веднаш по одржувањето на денесшната прес-конференција на која таа најави нови мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Нејзиниот портпарол Штефен Сеиберг изјави дека Меркел во петокот била вакцинирана како претпазливост против пневмонија.

Сеиберт во изјавата рече дека на Меркел (65) ќе и бидат извршени „редовни тестови“ во наредните денови и дека таа ќе продолжи со својата работа од дома засега.

фото: Архива