Од утре наутро целосна забрана на движењето во Грција

Целосна забрана на луѓето во Грција, стапува на сила од утре во 6 часот наутро. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис оваа информација ја сподели со медиумите попладнево на вонредна прес конференција.

Дозволено ќе биде само посета на супермаркети аптеки, посета на лекари или лица на кои им треба грижа, индивидуално спортување, прошетка на домашните миленичиња и оние кои работат да стигнат до нивните работни места и граѓаните. Оние кои ќе ја прекршат одлуката следува казна од 150 евра.

Грчкиот премиер објасни дека секој граѓанин додека е надвор, ќе мора задолжително да носи лична карта или пасош, но и потврда за причините зошто излегол. На, како што рече, едноставен начин потврдите ќе може да се добијат преку интернет, преку порака на мобилните телефони, а можат да бидат дури и рачно напишани.

фото: newsobservatory.com