Над 10.000 случаи на Ковид-19 за еден ден во Аргентина

Во Аргентина се потврдени 10.550 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени е 370.198, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Од коронавирус починале уште 276 лица, а од почетокот на пандемијата оваа инфекција однесе 7.839 животи, пренесува „Ројтерс“.

Аргентина се бори да го спречи ширењето на вирусот, но и да ја отвори економијата. Владата го продолжи карантинот во главниот град Буенос Аирес и околината до крајот на август бидејќи најголем број заразени лица се регистрирани во таа област.

Латинска Америка стана епицентарот на пандемијата Ковид-19, а милиони луѓе се очекува да потонат во сиромаштија оваа година поради ослабената економија на регионот.