Најново истражување: Кина можела да спречи 95% од случаите на коронавирус, околку мерките за запирање на епидемијата започнеле три недели порано

Во неодамнешното научно истражување на Универзитетот во Саутемптон се вели дека Кина ќе успеела да спречи 95 проценти од инфекциите со коронавирусот доколку мерките за запирање на епидемијата започнеле три недели порано. Меѓутоа, Кина презеде строги мерки дури кон крајот на јануари – неколку недели откако полицијата замолче доктор поради обид да ја предупреди јавноста од вирусот, објави mk.globalvoices.org.

Научното истражување ја мери ефективноста на нефармацевтските интервенции, и оваа недела беше објавено од страна на „ВорлдПоп“ (WorldPop), група што спроведува мапирање при Универзитетот во Саутемптон. Истражувачите испитувале како Кина ги изолирала заразените лица, ставала во карантин лицата изложени на вирусот, лоцирала контакти, ограничувала патувања, затворала училишта и работни места и откажувала масовни собири.

Анализата – која допрва треба да се разгледа од фелата – откри дека навременото откривање случаи и намалувањето контакти ефективно го контролирале вирусот и дека комбинираните мерки можe да ја намалат трансмисијата на вирусот. Мерките исто така можe да го одложат ширењето и да го намалат бројот на случаи во пикот на епидемијата и на овој начин да добијат на време за да се подгови здравството и да се истражат лекови.

Симулациите се базираа врз движењето на луѓето и врз податоците за болеста, за да се прикаже како комбинираните интервенции може да влијаат на ширењето на КОВИД-19.

Според научното истражување, бројот на заразени случаи со коронавирусот можел да биде понизок за 66 проценти ако мерките се преземеле една недела порано, или за 86 проценти ако се реагирало две недели порано. Во случај да се реагирало три недели подоцна, ситуацијата можела да биде осумнаесетпати полоша, објави mk.globalvoices.org.

Најголемите напори да се спречи избувнување на вирусот се случија кон крајот на јануари, неколку недели откако д-р Ли Венлианг, офталмолог од Вухан, се обиде да предупреди за мистериозната болест на 30 декември. Тој се најде меѓу осумте лица кои полицијата ги казни на 1 јануари поради ширење „гласини“ за вирусот.

Бирото за јавна безбедност го натера Ли да потпише изјава во која тврди дека ширел „невистини“ и дека „сериозно го нарушил јавниот ред“. Тој почина минатиот месец од оваа болест, на 34 годишна возраст, што ги разгневи кинеските граѓани.

Според „Њујорк Тајмс“, Кина исто така ги отфрлила понудите за помош во јануари од Центрите за контрола и превенција на болести на САД и од Светската здравствена организација, објави mk.globalvoices.org.

Текстот во целост на: mk.globalvoices.org.