(ВИДЕО) Полициски час, одлучи Владата

Вонредно обраќање на претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести за полициски час. Според непотврдени информации, полицискиот час ќе трае од 21 часот до 6 часот наутро. Потоа, од 6 часот до 21 часот би важела забрана за собирање во групи. Дозволено ќе биде само одење во болница, а ако ве застане полиција по прегледот, ќе мора да имате медицинска документација за да се оправдате. Со вас, ќе може да дојдат најмногу две лица. Освен овие мерки, усвоени се и други, кои техничкиот премиер Оливер Спасовски ќе ги соопшти на вонредната прес-конференција.