Нови мерки: Медицинарите од приваните установи ќе работат на државните клиники, доколку е потребно

„Целиот медицински персонал во сите јавно здравствени установи, но и од приватните болници, ги ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план, за доколку е потребно, да работат во здравствена установа каде ќе биде потребно, притоа, сакам да изразам благодарност до приватнтие болници кои уште во текот на минатата недела целосните капацитети ги ставија на располагање, сосе 70 интензивни легла со респираторни машини за оваа патологија“, рече Филипче.

„Клиниките нема да ги одржуваат своите редови, утрински, стручни колегиуми, со цел да се намали контактот помеѓу колегите. Ќе се координираат телефонски, така ќе се извршува и оперативниот програм со координација со вработените. Се одложуваат интервенциите за пациентите кои можат да почекаат, остануваат оние малигни и итни состојби за кои нема простор за одложување“, додаде тој.

„Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар. Тој е професор од Инфективната клиника кој ќе престојува таму и ќе ја координира работата со пациентите кои сега ги имаме, а тоа се петте кои вчера ги дијагностициравме, како и новиот план и координација за работа на докторите кои се таму“, информираше министерот.

„Детската болница во Козле целосно ќе се спреми да прими деца, евентулано заболени од коронавирусот. Сите хоспитализирани пациенти примени денеска или вчера, ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за педијатрија, со цел децата да бидат изолирани од возрасните, доколку имаме таков пациент, но и од останатите деца, од друга патологија кои се лекуваат на Клиниката за педијатрија“, кажа Филипче.