Се проверуваат пациенти од Охрид, Кичево, Штип, Куманово и Тетово дали имаат коронавирус

Седум нови пацинети се испитуваат дали имаат коронавирус. Станува збор за граѓани на Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, дел од нив се враќале од странство и  развиле симтоми.

„Имаме 7 нови материјали кои се работат, станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија, Германија, тоа се пациентите од Штип, Куманово, Кичево, Тетово. По неколку дена развиле од враќањето развиле висока температура. Сега се во одделите за изолација и во текот на денот ќе бидат готови резултатите“, рече Филипче.

Меѓу нив има и две родилки.

„Од Охрид еден пацинет и две родилки, кои вчера се донесени од Дебар. Едната е во Охрид, другата во Скопје. Тие се во оддел за изолација, во стабилна состојба, не се непосредно пред породување, но ги донесовме тука за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, додаде министерот.

Останатите пацинети кои веќе се хоспитализирани поради тоа што имаат коронавирус се во стабилна состојба, освен првата пациентка од Дебар, која е на респираторна машина, но во подобра состојба.

„Сите 13 пациенти кои се на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба, идентична како вчера. Само една пациентка, првата пациентка од Дебар е на респираторна машина, со подобрување на параметрите по механичкта вентилација, но со непредвидлива дијагноза, со оглед на оваа ситуација дека непредвидливо доаѓаат компликации. Сите други, заедно со 15-годишниот пацинет се добри и сместени во одделот за изолација“, кажа тој.