Од МЗ се корегираат: Меѓу починатите нема 22-годишен пациент, станува збор за 72 годишен маж

Министерството за здравство (МЗ) попладнево испрати допис до медиумите во кој информира дека е направена ненамерна грешка во извештајот за состојбата со ковид-19 во последните 24 часа, па така меѓу починатите нема 22-годишен пациент.

„Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години“, соопштија од МЗ.

Во изминатото деноноќие починаа 41 пациент.

Денешната бројка на починати лица е највисока во овој трет бран на ковид-19 и една од највисоките од почетокот на пандемијата. Од кога е пандемијава рекорден број на починати лица дури 46 имаше на 8 декември 2021.

фото: Архива