Нови детали за таткото на Ѓорчев кој е во кома, се тврди дека тоа не е од вакцината

Професор д-р Анѓелко Ѓорчев (73) е се уште во кома, но неговата состојба не е последица на примената вакцина против ковид-19, вели директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ.

Пулмолог Ѓорчев од Скопје заедно со уште неколку колеги доктори во неделата тргнал за Ниш за да се вакцинира против ковид-19, но му се слошило во салата „Чаир“ во Ниш по примената вакцина.

– Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави Перишиќ за агенцијата Бета.

Како што рече, лекарите исто така ги елиминирале срцевите проблеми како причина за несвесната состојба бидејќи била извршена коронарна ангиографија и била проверена состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.