Од вчерашните 64 нови позитивни случаи, 20 не пријавиле дека имале контакт со заразен од коронавирус. Извештајот ја ИЈЗ покажува дека најмногу од новозаболените, односно 14 лица, се на возраст од 40 до 49 години. Од сите нови случаи, 33 лица од женски и 29 од машки пол.
Заклучно со саботата, во ИЈЗ се пријавени вкупно 2.226 случаи. Од нив, 22 случаи се бремени жени од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста, а 12 го имале вирусот без да почувствуваат симптоми. Во извештајот се наведува и дека најмладиот пациент било бебе, додека најстариот имал 94 години.
„Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 483, а кај возрасната група од 50 до 59 години има 452 заболени. Најмалку заболени се евидентира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 93 и 109 случаи“, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,9%), изнемоштеност (39,8%), треска (19,2%), главоболка (15,2%), отежнато дишење (14,9%) и болка во грло (14,2%). Кај 717 или 32,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
фото: Архива