Согласно состојбата со Корна вирусот и мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, денеска, градоначалникот Константин Георгиески, одржа неколку состаноци со директорите на сите јавни претпријатија, директорите на здравствените установи, претставник на матичните лекари, раководителот на пазарна инспекција – Охрид и директорите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ и Студентскиот дом „Никола Карев“ на кои беше одлучено да се преземат оперативни мерки. Во продолжение се наброени преземените чекори и дополнителните кои што во наредниов период ќе се преземат:
– Изминатава недела целосно се изврши вонредна дезинфекција на сите објекти од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,
– Од денес започна дезинфекцијата на основните училишта „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Методи Патче“, а до крајот на недела ќе се изврши дезинфекција на преостанатите основни и средни училишта,
– Исто така изминатава недела се изврши дезинфекција и на Градскиот пазар,
– Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ врши миење на улиците низ градот со средство за дезинфекција,
– Локалните и меѓуградските возни линии се редуциират. Новиот возен ред ќе биде објавен на општинската веб страница,
– Возилата на општинските линиски превозници секојдневно се дезинфицираат, а возачите задолжително носат маски и ракавици, додека на такси превозниците им препорачуваме да ги следат мерките кои што важат за општинските линиски превозници,
– Локалната самоуправа од денес ќе работи редуцирано со странки од 09 до 11 часот и тоа само преку архивата на општина Охрид,
– Од денеска ЈП „Билјанини извори“ ги повлекува вработените кои што работат на градските паркинзи, а наплатата ќе се врши само по електронски пат,
– Од денеска основците и децата од претшколска возраст ќе имаат можност да ги следат едукативните содржини кои што ќе се емитуваат на трите канали на националниот сервис МРТВ, а содржини кои се изведени од актуелните наставни програми,
– Дополнително министерството за образование во соработка со бирото за развој на образованието, работи на решение за сличен модел и за повозрасните ученици
– Општина Охрид во соработка со Црвен Крст, ќе издвои 300 000 за помош на лица од социјално ранливи категории кои што ќе се во изолација, за основни прехранбени продукти и средства за хигиена,
– Во соработка со Црвен крст – Охрид, општина Охрид дополнително формира мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица, на лицата со специјални потреби и на сите оние кои имаат потреба од помош и било каква друга поддршка на подрачјето на општина Охрид и да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти за хигиена и лекови,
– Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви од Црвен крст – Охрид: 046/ 261 – 909, 070/ 315 – 309, специјалниот број 13 – 112, 070/ 989 – 806 и 070/ 354 – 712,
– На истите броеви граѓаните може да пријават одредени неправилности и непостапување по мерките кои што ги има донесено Владата на Република Северна Македонија и може да пријават лица кои што треба да бидат во самоизолација, а не ја применуваат,
– Медицинската опрема (термометри, пулсоксимометри, спирометри, мобилни ЕКГ апарати, апарати за притисок, глукометри, стетоскопи..) набавена преку проектот „Cross 4all“ ќе им биде ставена на располагање на медицинските установи од градот,
– Два објекти (ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ со 38 соби и студентскиот дом со околу 30 соби) по потреба ќе бидат пренаменети во обејкти за изолација и карантин за лесни случаи, (Општина Охрид ќе учествува во набавката на заштитни скафандери за здравствените установи)
Ваквите состаноци ќе продолжат се до надминување на состојбата со Корна вирусот.