Пендаровски: „Се надевам дека лидерите утре ќе решат да ги одложат изборите бидејќи во оваа ситуација невозможно е да организирате избори“

Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање за одложување на изборите поради корона вирусот, за што утре на пладне ќе разговара со лидерите на политичките партии истакна:

„Јас се надевам дека утре во 12 часот, каде што јас ќе бидат само добар домаќин во таа ситуација,  се надевам дека лидерите кои ќе дојдат утре тука ќе решат да ги одложат изборите, бидејќи во оваа ситуација е невозможно да организирате избори кои ќе бидат кредибилни и кои ќе бидат третирани како легитимни од поголемиот дел од населението“, рече претседателот Стево Пендаровски.

 

 

фото: PrtcSC