Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 72 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни, соопшти министерот Венко Филипче.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.