Полициски час од утре, што значи тоа и за кого неважи оваа мерка?

Владата вечерва одлучи, полициски час од 21:00 до 06:00 часот. Премиерот Оливер Спасовски меѓу другото истакна:

„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, рече Спасовски.

Од радикалната мерка исклучок се лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа (во придружба од најмногу две лица), а оправданоста на излегувањето од дома ќе се проверува преку увид во медицинската документација од извршениот лекарски преглед.

Дежурства со ограничен број на возила ќе треба да воведат такси компаниите, а ќе имаат право да превезуваат патници само до амбуланта или аптека. Екипите пак  на ЕВН, Водовод и канализација и топлификација смее да се движат само со претходна најава на – 192.

Исклучок од мерките се припадниците на полицијата, армијата, противпожарните служби, како и вработени во Комуналната хигиена кои се на смена на работа.

ШТО ЗНАЧИ, ОДНОСНО ПРЕТСТАВУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?

Полицискиот час се однесува на времето во кое граѓаните се бара да останат во своите домови.

Полицискиот час се воведува како мерка за забрана на граѓаните да се движат по одреден временски период.

Понекогаш ова се однесува на часови од денот, а понекогаш и на забраната за движење после 8 часот или 10 часот до раните утрински часови.

Како по правило, тој се прогласува како дел од сетот на итни мерки и е мерка преземена главно кога има вонредна или воена состојба, кога има поплави и слично.

фото: Архива