Препорака за одложување на изборите од ДИК

Државната изборна комисија денеска им препорача на партиите одложување на изборите поради ситуацијата со коронавирусот.

„Скопје 1“ веќе објави дека политичките субјекти подготвуваат одлагање на изборите закажни за април и таквата одлука се подготвува да се донесе во вторник, само еден од од како ќе заседава Советот за национална безбедност кај претседателот Стево Пендароски.

Од ДИК велат дека тие не можат да побараат одложување на изборите, се надеваат дека ова прашање ќе се најде пред Советот на безбедност кај претседателот Пендаровски.

Доколку тоа се случи Собранието ќе мора пак да се свика и да ги одложи изборите кои се веќе закажани за 12 април.