Првата заболена пациентка од Дебар, кај која беше дијагностицирана од коронавирусот е во критична состојба, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Таа беше ставена на респираторна машина пред неколку дена, поради потешкотии во дишењето.
„Пациентката вчера вечерта влезе во критична фаза, сега е на дополнителна терапија, но нејзината ситуација е многу покритична од она што беше вчера“, рече Филипче.
Станува збор за сопружници од село во близина на Дебар кои во нашата земја пристигнаа од Бреша, Северна Италија на 27 февруари. Тие имаа лесна клиничка слика кога беа хоспитализирани. Тие во земјава допатуваа со автобус со уште 40 патници.
фото: Архива