Расте бројот на заболени од коронавирус, најмногу во Скопја па потоа Куманово

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови во Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

 Скопје – 273
 Куманово – 143
 Дебар – 49
 Штип-20
 Прилеп –46
 Тетово – 30
 Струга – 30
 Велес – 18
 Битола –8
 Охрид –3
 Кавадарци – 3
 Гостивар –4
 Гевглелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-3
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 19
 Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.