(ВИДЕО) Филипче: Дваесет пациенти се со потешка клиничка слика, од кои седум критично и се приклучени на респиратори

На Инфективната клиника во Скопје денеска се примени нови пет пациенти, со што вкупниот број на пациенти на клиниката е 68. Дваесет се со потешка клиничка слика, од кои седум критично и се приклучени на респиратори. Во болницата „8 Септември“, сместени се 25 пациенти, а во Битола четворица, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Министетрот информираше дека на Клиниката се примени и мајка и четиримесечно бебе од Кочани, заболени од Ковид 19, со блага анемија. Министерот потенцираше дека  бебето е во стабилна состојба и дише нормално, но послаба му е и крвната слика. За него се грижат педијатри.

Инаку, од вкупниот број заболени од корона во Македонија, неполни 7% се млади лица до 19 години. Регистрирани се 19 случаи до 9-годишна возраст и 22 случаја на пациенти од 10 до 19 години.

Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.

Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/275245070156328/?v=275245070156328&notif_id=1586437168545113&notif_t=live_video