НОВИ МЕРКИ: Граничните премини и аеродромот во Скопје под клуч – нема влез и излез

Вечерва владата одлучи да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани освен за влез и транзит на товарни возила и дипломатскиот кор за кој МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од кризниот штаб кој ќе потврди дека има посебен интерес. Овие товарни возила ќе влезат во согласност со протоколот за заштита.  Се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено-карго летови, истакна на вечерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

фото: Архива