(ВИДЕО)Филипче: Пет нови случаи на коронавирус во Македонија

Пет нови случаи на коронавирус во Македонија.  Станува збор за четири пациенти од Дебар и еден од Скопје, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче. Пациентите од Дебар имале контакт со пациентите кои веќе се лекуваат, а пак, скопјанката дошла од Холандија. Во карантин ќе бидат 31 лице кои патувале од Виена за Скопје, рече Филипче и тие моментално се контактираат.

„Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијагностицирани во друга лабараторија кои треба да се потврдат утре во нашата лабораторија во ИЈЗ. Утрово беа тестирани седум лица кои ги најавив на утринскиот прес. Негативни се резултатите на трите лица од Дебар кои што беа во контакт со заболените“, рече Филипче.

Пациентката од Скопје има 54 години, а симтони развила пред четири дена. Таа кажала дека била во самоизолација, а се контактираат членовите на фамилијата, возачот на таксито кое ја донело од скопскиот аеродром до дома, како и уште 31 лице кое патувало со неа во авионот.

„Позитивни се резултатите на една пациентка која беше прегледеле на Инфективната клиника, 54 годишна пациентка која се вратила од Холандија, ноќта меѓу 12 и 13 овој месец. Развила симптоми еден ден претходно и денес се јавила на преглед на Инфективната клиника. Најдени се сите контакти од семејството, таа била во домашна самоизолација според нејзините кажувања и анкетата на епидемиолозите, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито кој ја возел од аеродром до дома, а во овој момент, се контактираат и 31 лице кои се вратиле со авионот кој пристигнал од Виена. Бројката е 14 лица на Инфективна клиника“, додаде Филипче.

Министерот рече дека и во лабораторијата на болницата Жан Митрев се јавиле лица со симптоми на грип, кај кои тестовите за коронавирус се позитивни. Но, тие дополнително ќе се испитаат во ИЈЗ.

„Имаме информација од болницата Жан Митрев дека се јавиле две лица кои имале симтоми на грип, тие биле спроведени по протокол на болницата, земени се материјалите и таму се тестовите позтивни, меѓутоа, заради усогласување и унифицирање на методата на тестирање во текот на утрешниот ден ќе ги тестираме во нашата лабораторија“, рече Филипче.