Шилегов позитивен на КОВИД 19

Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тој во својата објава додава:

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.

Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на ФБ.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3286534338237808