„Вонредната ситуација е исклучително вонредна и сериозна ситуација. Ова наложува вонредни мерки. Ова е вонредна ситуација и затоа се потребни вонредни мерки. Ова е вонредна ситуација и затоа се потребни вонредни мерки. Веќе нема ниту најмала дилема“, посочи Спасовски.
Донесовме одлука воведување на вонредна состојба на територијата на цела држава. Сега и веднаш. Мерките кои досега се носеа дадоа резултати, но мора да се надополнат, заострат, да се радикализираат со воведување на вонредна состојба за да се спречи поголем пик на коронавирусот и тоа во кратко време. Убедени сме дека со таква екслација може да се спречи со вонредна состојба на целата територија“, додаде тој.
„Денеска Владата одржа седница и донесе одлука да му предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Упатуваме апел да се свика и да ја донесе оваа одлука. Собранието е распуштено, но претседателот на државата може да донесе ваква одлука според Уставот во траење до 30 дена“, потенцираше Спасовски.
„Ова е првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава. Оваа мерка е една од најтешките одлуки кои што ги донела било која Влада од 90 година до денеска. Животот радикално се промени кај нас но и во целиот свет“, дециден е Спасовски.