Трета жртва од коронавирусот во земјава – почина жената која беше на респираторна машина

Трета жртва од коронавирусот во Македонија. Почина 66 годишната дебарчанка која подолг период беше на респираторна машина, информираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче. Како што кажа министерот, починатата е од Дебар, на возраст од 66 години, а претходно боледувала од висок крвен притисок.

Во последното деноноќие регистирани се 29 нови случаи, со што бројката на дијагностицирани пациенти од коронавирусот се искачи на 177 луѓе, од кои еден излекуван и 3-ца починати. Откриени се и првите пациенти во Прилеп и во Велес. Најмногу регистирани има во Скопје, нови 20, а вкупно 108 лица.

фото: Архива