Тројца пациенти кои се лекуваа од КОВИД-19 подготвени да си одат дома!

На денешната прес конференција минситерот за здравство Венко Филипче истакна дека на Инфективна клиника се направени тестови на четворица на пациени кои пододлго време се лекуваат таму и тие тестови се негативни.

-Од тие четворица, тројца се во значајна добра состојба и ќе биде земен уште еден тест утре и доколку и тој тест е негативен тројцата пациенти ќе бидат спремни да се упатат на домашно лекување, истакна министерот за здравство Венко Филиче.

Во изминатото деноноќие имаме заклучно со 12 часот нови 29 случаи на заразени во нашата земја и по градови: Скопје 20, Куманово 3, Прилеп 2, Дебар 1 лице и Велес 3. Вкупно се 177 лица. Според местото на живеење заразени има Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Охрид, Гиостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес.

фото: Архива