(ВИДЕО) Филипче: Денеска два пациенти веќе ја добиле терапијата за корона вирус, но поради контраиндикации истата мора да ја препише лекар

Досега над 1000 лица, се тестирани за корона вирус, а во однос на резервите на тестови имаме доволно, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференцијата. Тестовите се уште се плаќаат во приватните клиники. Денес ќе заврши анализата, проверката, состаноците со сите лабаратории кои покажаа интерес и кои кажаа дека ги исполнуваат условите. Кога ќе заврши увидот од нашата лабараторија, ќе се достави соодветен предлог до фондот, со цел да се зголеми капацитетот на тестирање.

Министерот додаде дека на седницта на Влада која се одржува во моментов се дискутира за предлогот за тоа како ќе се организира полицискиот час за време на викендот од петок до понеделнк следната недела.

„Пред оваа закана сите сме еднакви, мора де се придржуваме по препораки и мерките. Секој ни е важен со своето одговорно однесување“, истакна Филипче.

Н ановинарско прашање кое се однесуваше за заболените во кумановската болница, министерот истакна дека во Куманово се завршени сите тестирањакои биле инцисирани во текот на вчерашниот ден.

„Има три позитивни пациенти и нема  заразени нови здравствени работници. Во однос на ширењето и трансмисијата претпоставка на епидемиолозите секако неможиме да бидеме 100% сигурни, е дека вирусот се шири преку капки или раце.

Филипче додаде дека во однос на Кумано Владата донесе препорака да се укине целиот градски и меѓуградски превоз.

-Се разгледува можноста ова да се спроведе и  во градот Скопје. Добро е што новозаразените ја почитувале изолацијата, но сепак ќе има ограничување на транспортот за време на викендот, за да се намалат социјалните контакти, категоричен е министерот Филипче.

На новинарско прашање по општини во која општина во Скопје има најмногу заболени, минситерот истакна:

-По општини се работи на анализа во која има најмногу заболени од корона висрус, штом имаме точни податоци ќе ги соопштиме, ќе ја дадеме и таа скица. Во однос на терапијата со оглед на тоа што официјално завршија сите постапки, денеска два пациенти веќе се ставени на оваа терапија, но постои и контраиндикација, затоа оваа терапија мора да ја препише исклучиво лекар специјалист. Денеска ќе завршат кардиолошките прегледи на сите пациенти, а после ќе се утврди на која група пациенти ќе се даде оваа терапија. После оваа терапија ќе се даде и на лицата кои се во домашно лекување. Оваа терапија ќе мора да се дава исклучиво во болница, истакна министерот Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/227731035046083/?v=227731035046083&notif_id=1585148660419580&notif_t=live_video