(ВИДЕО) Филипче тестовите од Заев и Мицкоски беа брзи, затоа што тие имаат интензивни контакти

Тестот за корона вирус на претседателот на СДСМ Зоран Заев е негативен, објави министерот за здравство Венко Филипче.

-Се продолжува со препораките, а тоа е самоизолација од една недела за двајцата лидери со оглед на тоа што контактот со зболениот бил пред една недела. Сите оние кои досега имале контакт со нив не се во никакво ризик и не треба да се тестираат, рече Филипче.

Двајцата лидери беа испитани откако беше потврдено дека позитивен на коронавирусот е новинарот во чија емисија гостуваа.

Министерот објасна и зошто тестовите и за Заев и за Мицкоски се спроведоа бргу.

„Тие се експонирани многу во јавноста, имаат интензивни контакти со многу луѓе, со претставници на институциите, со министри во Владата. Тука не станува збор за политички приоритети туку за заштита на функционалноста на институциите, за заштита на државните интереси, посебно во вакви моменти на криза. Тоа се луѓе кои имаат интензивни контакти и со претставниците на медиумите и во таа смисла една од целите беше да се заштитат и претставниците на медиумите каде и двајцата лидери често гостуваат“, истакна Филипче.

На денешната порес конференција министерот информираше дека на Инфективната клиника има 66 болни , а 8 се на респиратор  , додека во болницата 8-Септември има 6- мина на респиратор со потешка слика. Направени се 496, рекорден број на тестови , 48 се позитивни, истакна министерот.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/2543757072610240/?v=2543757072610240&notif_id=1586533616650460&notif_t=live_video

 

фото: Архива