ВИДЕО: Пациент со ковид снимен како бега од Инфективното во Гостивар

Телевизијата Глоби од Гостивар, на својата Фејсбук страница објави видео на кое, според описот, е пациент кој бега од инфективното одделение на гостиварската болница, преку прозрец од соба која е на приземјето.

Гостивар, заедно со Тетово и Скопје се градовите каде има повеќе од половина од активните случаи во земјава, а тетовската и гостиварската болница имаат најмногу хоспитализирани со ковид.

Според вчерашната ковид-статистика, најголем број од починатите лица, пет, се од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), а овој град е и меѓу првите по бројот на новозаразени.

Видеото видете го тука.