(ВИДЕО) Познатиот виролог д-р Ана Глигиќ: По четири инкубациски периоди од по 25 дена, епидемијата самата се гаси

„Да се прекинат што е можно повеќе контакти, вирусот така се шири, и тоа најмногу низ воздухот. Во надворешната средина може да остане најмалку три часа, а, кога ќе падне на квака, на метал, може да остане три дена“, вели во интервју за Н1 д-р Ана Глигиќ, познат српски меѓународно признаен виролог, која кон средината на минатиот век прва го изолира најсмртоносниот марбург вирус, а во 1972 година, во времето на вариола вера, беше шеф на Националната референтна лабораторија, објави МКД.мк.

„Според последните истражувања, пронајдено е дека ковид-19 е 96% идентичен со вирусот од лилјаците, тоа го правеа Кинезите. Значи, тој е всушност испровоциран. Лилјаците поради климатските промени веројатно им се приближиле на населените места, бидејќи ги има во многу голем број. Второ, тие се под заштита на државата, затоа што во еколошкиот систем прво правило е ‘во природата сè е поврзано со сè’. Ако нарушите и само едно нешто во тој синџир, вие го добивате ова што го имаме сега со овој коронавирус.

Овој вирус не загрижува поради смртноста, тој загрижува поради големиот број заболени и згрижувањето на тие заболени. Тешко е во еден ден да се згрижат 500 болни, а особено ако дојде до тешки клинички слики, кога треба и респираторна поддршка за болниот.

Што се однесува на лекови или лечење, кај вирусните болести – лек нема. Само симптоматска терапија“, вели таа.

„Многу непознаници има, сега се на ред виролозите“, вели докторката. „Епидемиолозите направија сè што можеа, клиничарите направија сè што можеа, државите направија материјално сè што можеа. Сега останува на виролозите да го испитаат имунитетот, вирулентноста на вирусот, начинот на пренесување, промените на геномот. Настанува мутанта внатре на геномот и потоа тој добива на вируленција. Вирусот никогаш нема да направи нешто на своја штета. Тој сака да опстане.“

Докторката уште објаснува:

А ја имате и ситуацијата со четири инкубациски периоди: да речеме ако инкубацискиот период трае 25 дена, четири инкубациски периоди од по 25 дена, тоа се сто дена. Во Кина заразата почна во декември, токму сега се сто дена. Денеска не е забележан ниеден случај во Кина. Значи по тие четири инкубациски периоди епидемијата самата се гаси, со сите можни други додатоци, создавање колективен имунитет, промени на вируленцијата на вирусот, промени во однесувањето на луѓето, затоа што и луѓето поинаку се однесуваат кога ќе видат каква е ситуацијата“, објави МКД.мк.

Текстот во целост на: МКД.МК