(ВИДЕО) САД почна да тестира вакцина за корона вирусот, 42 годишната Џенифер Халер е првата волонтерка кој прими вакцина

Американските научници ја почнаа првата фаза од тестирањето на вакцината за коорнавирусот врз луѓето, во надеж дека во рекорден рок можат да ја развијат потенцијалната вакцина против Ковид-19. Џенифер Халер (42) од американскиот град Сиетл е првиот човек на кој е искористена вакцината за коронавирусот.

Тестирањето што се одвива во Институтот за здравствени истражувања е финансиран од Националниот институт за здравство

“Сите се чувствуват толку беспомошно во моментов. Јас сфатив дека има нешто што можам да го направам за да помогнам и затоа сум среќна дека сум тука” – изјави Џенифер Халер, првата волонтерка за експерименталната вакцина.

Инаку 45 волонтери во период од еден месец ќе примат по две дози од вакцината.

фото: You tube