(ФОТО) Кој е ефектот на негативната комуникација, особено во кризи?

ФБ статус:

Кога ќе видиме неодговорно однесување, а го има во кризава, на сите ни доаѓа да се издушиме, да почнеме да ги навредуваме, обвинуваме па и пцуеме тие кои се однесуваат неодговорно.

Но, кој е ефектот на негативната комуникација, особено во кризи?

Никој не станал од несовесен во совесен човек, ако некој го НАВРЕДИЛ.

Негативната комуникација само ја крева тензијата, расте бројот на конфликти, и целата состојба станува уште потешко поднослива.

Има два соодветни одговори:

А) едукација (здравствена) и
Б) санкционирање од државата.

Вреѓања, јавни линчови, луди ли сте, болни ли сте, вакви такви… Сето тоа само придонесува кон паниката.

Многу работи ни доаѓаат на прва. Во време на кризи не се прават работи од прва, туку разумно и сталожено.

фото: ФБ