Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека ниту една фирма не ги исполнила критериумите на тендерот за набавка на респираторни машини, поради што истиот е поништен. Министерот појасни дека ниту еден од економските оператори не можел да го задоволи критериумот за итност на набавката, поради што оваа постапка ќе биде повторена преку Владата.
Министерот потенцираше дека и покрај тоа што тендерот е поништен , во моментов државата не се соочува со проблем на респираторни машини, бидејќи и светските искуства говорат дека само 5 проценти од пациентите имаат потреба да бидат ставени на респираторна машина.
Инаку во земјава од засега инфицираните 85 пациенти на респираторна машина е ставена само првозаразената жена од Дебар, која од вчера е во критична состојба.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/656420605114238/