Граѓаните не ги почитуваат мерките, Филипче најавува поригорозни

Мерките за изолација од страна на голем број граѓани не се почитуваат и покрај препораките на Владата за самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека поради непослушноста веќе се подготвени поригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.

„Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостриме, бидејќи тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат“, истакна министерот Филипче.

фото: Архива