По дијагностицирањето на коронавирус кај седум вработени во Единицата за брзо распоредување при МВР, во изолација се ставени 34 лица од Охрид кои имале контакт со нив. Затворено е и одморалиштето на МВР каде што престојувале полицајците изминатата недела поради своите работни активности. Од објектот каде биле сместени, во изолација се ставени 18 вработени.
Сега, МВР има 46 полициски службеници надвор од функција, ако во предвид се земат и останатите полицајци од други единици кои се инфицирани од вирусот.
Директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид, Сашо Точков, за „А1он“ вели дека епидемиолошката анкета е во тек, а тие кои контактирале полицајците ќе останат во изолација уште седум дена. Во однос на дезинфекцијата на објектот каде престојувале полицајците, тој вели дека тоа се правело по секоја ротација на вработените во МВР.
фото: Архива