За еден ден во Италија од коронавирус починаа 969 луѓе

Италија стана втората држава по САД која ја надмина Кина според бројот на заразени од коронавирусот. Во изминатите 24 часа во Италија починале 969 луѓе од коронавирус, а заразени се нови 5.909. Тоа е најголем број починати лица како последица на коронавирусот во еден ден во оваа земја.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, бројот на починати сега достигна 9.134.

Вкупниот број на жртви од коронавирус во земјата е блиску до 9.200 луѓе, а 3.700 во моментов се на интензивна нега.

Особено е тешка состојбата во Ломбардија, каде што со последните 24 часа починале 541 човек.

Во средата во Италија починаа 683 луѓе, во вторникот 743, а во понеделникот 602. Во неделата починаа 650, а во саботата рекордни 793.

фото: Архива