Научниците од Велика Британија започнаа со тестирање на нова вакцина против ковид на луѓето, која се надеваат дека може да биде ефикасна против нови видови, како и да обезбеди подолг имунитет во споредба со оние што ги нудат постојните вакцини.
GRT-910 најпрво ќе биде тестиран на луѓе постари од 60 години во Манчестер, и ќе се испита дали го зајакнува имунолошкиот систем по првата доза, објави денеска „Гардијан“.
Испитувањата се спроведуваат во Истражувачкиот клинички институт во Манчестер.
Професорот Ендру Устијановски од Универзитетот во Манчестер, еден од авторите на студијата, рече дека научниците се „свесни дека имунолошкиот одговор опаѓа по првата генерација вакцини, особено кај постарите лица“.
„Поради фактот што новите видови се широко распространети, постои јасна потреба од постојана претпазливост со цел да се држи ковид подалеку од нас“, рече Устијановски.
Тој вели дека неговиот тим верува дека GRT-910 ќе биде „силен, издржлив и ќе создаде силен имунолошки одговор, што ќе биде клучно за одржување на заштитата на постарата популација, која е под посебен ризик од хоспитализација или смрт“.
Истражувањето се прави во соработка помеѓу американската фармацевтска компанија Гристоун, Универзитетот во Манчестер и Државниот фонд за јавно здравје (НХС) на универзитетот.
Вакцината GRT-R910 е mRNA вакцина од втора генерација, за која се верува дека е „самозасилувачка“, се додава во текстот.