Доктор Михајлова до Данилоски: Од уста не ги извадивте матичните, а системот не ви функционира без нас, срам да ви е на сите!

Специјалистот по семејна медицина и матичен доктор во Скопје, Марија Михајлова, остро реагираше на коментарот од епидемиологот Драган Данилоски кој го нападна примарното здравство. Данилоски на коментар на социјалните мрежи напиша: „Можно ли е по две години верглање со колегите Пановски, Беќаровски, вда не разбраа матичните дека не смее антибиотик за вирус?“

На ова, следуваше остра реакција од доктор Михајлова.

„Ниту сакам да навлегувам во детали, ниту е место за тема оправдано и и рационално препишување антибиотици. Доволно сме едуцирани и имаме лиценци. Она што најмногу загрижува е дека цели две години никој не го извади од уста матичниот доктор без кој ниту една алка од системот не може да функционира. Доколку системот смета дека сме ‘тврдоглави’, ‘неписмени’, ‘неедуцирани’, прашањето е зошто нѐ претвори во ковид амбуланти?! Прочешлајте ги специјалистичките извештаи пред да обвинувате. Бидејќи функционираме дополнително како ПЗУ печатници, не е проблем и да ви ги скенираме извештаите од две години, ‘имаме’ доволно буџет за хартија и тонери да купуваме. Срам да ви е на сите!“, напишам Михајлова.