Матичните доктори се чувствуваат навредени од Фондот, кој испорача казни на илјада матични доктори. Ненад Лазаров, специјалист од Скопје, ги повика колегите на штрајк.
„Го слушате ли овој како вреѓа цела фела, го слушате ли како не било глоба према лекарите него “договорна казна”.
Уа бе голи администратори, уа бе партиски пајташи. Колеги, време е за штрајк! Не казнивте ниеден што не работеше во цела криза, не излеговте од канцеларија, не ни е дозволен влез во простории на масиче на улица документи доставуваме, нели ви е срам?“, напиша Лазаров на социјалните мрежи споделувајќи фотографија од претставник на ФЗО кој гостувал во телевизиска емисија.
Голем дел од матичните лекари се согласни на штрајк и тоа без одлагање и покрај ширењето на новиот сој на коронавирус омикрон кој им ги преполнил ординациите. Велат дека казните ја прелиле чашата.