Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус во кој ги повика колегите од Комисијата за заразни болести да ја корегираат својата одлука која се однесува на прележаните од Ковид-19, кои според последните владини мерки меѓудругото можат да влезат во објекти само во првите 45 дена по оздравувањето од вирусот.
“Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, Ве замолувам! На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци. Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата !!!!
Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, ДОКТОРИ, а не политиканти!!!“, пишува тој