(ВИДЕО)Филипче: Ќе се тестираат до 80 лица поради сомневања дека контактирале со заболени од коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека моментално се тестираат седум пациенти за коронавирус, кои имаат симтоми на грип. Тој кажа дека четворица од нив патувале во Австрија, односно Германија. Во текот на денешниот или утрешниот ден, ќе се тестираат од 50 до 80 жители на Дебар, за кои постои сомневање дека имале контакт со заболени лица.

„Координацијата на службите е добра, нема некаков проблем во болницата. Во континуирана комуникација сме со лекарите и директорот на болницата во Дебар. Во овој момент се тестираат седум пациенти. Три се од Дебар и тие се луѓе кои имаат симтоми на грип, понатаму, двајца кои се преку Центарот за јавно здравје во Штип и двајца кои се на Инфективната клиника. Овие четворица се со анамнеза дека патувале во Австрија, односно Германија, во изминатиот период“ рече Филипче. Тој посочи дека лицата за кои здравствените власти не се сигурни дека немале контакт со заболеми лица, ќе се тестираат, а истите се од Дебар каде е прогласена кризна состојба.

„Утрово разговаравме со инфектологот, тој рече дека се во насока на дополнителни анализи и проверки, односно индикации за тестирања на повеќе луѓе. Тоа е една форма на скрининг, согласно светските искуства. Дури и за луѓе кои не сме сигурни дека немале контакт со заболени или луѓе за кои се сомневаме дека може да се заболени, ќе ја прошириме бројката на луѓе која ќе се тестира. Очекуваме во текот на денот или утрешниот ден да стигнат помеѓу 40, 50 дури и 80 луѓе, се со цел, да детално се скренира овој регион“, додаде Филипче.

Засега нема новодијагностицирани лица кои имаат коронавирус. Во однос на пациентите кои се лекуваат, Филипче кажа дека имаат лесна клиничка слика и примаат терапија. „Нема новодијагностицирани во изминатиот период. Испишана е и првата пациентка, контролната слика покажа дека нема големи оштетувања на белите дробови, сите кои беа во контакт со неа се тестирани и немаат никакви симтоми, практично, тие се здрави. Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, од кои 13 се на Клиниката за инфективни болести. Непроменета е состојбата на пациентката која е на респираторна машина. Таа е стабилна, со соодветна терапија. Сосема лесна клиничка слика имаат пациентите во Дебар. Тие се на домашно лекување“, рече Филипче.

 

 

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/668744117194918/?v=668744117194918&notif_id=1584358290641270&notif_t=live_video